Магдевски има нов клуб, се сели во Холандија

Андреј Магдевски сврте нов лист во кариерата, па само неколку дена по заминувањето од МЗТ Скопје македонскиот репрезентативец има нов клуб. Негова следна дестинација ќе биде Холандија, каде Магдевски до крајот на сезонава ќе ги брани боите на Донар.

Тој е во исчекување на добивање на работна дозвола за да може да почне да настапува за новиот клуб, но во Донар се убедени дека тој поблем ќе биде решен експресно. Надежите на луѓето од клубот се дека Магдевски ќе може да дебитира веќе в среда, на дуелот од ФИБА Купот на Европа против Будивељник.

„Го избрав Донар бидејќи станува збор за голем клуб со одлична организација. Исто така, сакам да играм за екипа со највисоки амбиции, сакам да му помогнам на тимот да победи на што повеќе натпревари, да освои што повеќе трофеи и навивачите да бидат среќни“, изјави Магдевски по потписот на договорот.

Се вчитува...