Магдевски одличен во победата на Плоешти над Манисипал Галати

Андреј Магдевски и неговиот Плоешти стигнаа до нов триумф во романскиот кошаркарски шампионат, откако вечерва славеа на домашен терен против Манисипал Галати со 86-81.

Еден натпревар кој цело време се движеше во резултатска клацкалка на крајот им припадна на домаќините. Нашиот репрезентативец повторно беше еден од најдобрите во својот тим завршувајќи со 14 поени, седум асистенции и четири скока.

 

 

 

Се вчитува...