Магдевски со 10 поени и 13 асистенции го предводеше Плоешти до победа (ВИДЕО)

Екипата на Плоешти го совлада тимот на Таргу Јиу во Романија со 94:88, а за победата придонесе и македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски. Тој постигна 10 поени, во 34 минути поминати на паркетот. Притоа забележа и 13 асистенции, и седум скока.

Магдевски имаше три лични грешки, две украдени и една загубена топка.

За победаа на Плоешти, клучна беше втората четвртина која што ја доби тимот на Магдевски со 22:15, а потоа ја одржуваше разликата до крајот на мечот.

Ова беше петти триумф на Плоешти во 13-тиот меч во Романија. Засега Клуж е непиркосновен на врвот со 12 победи од исто толку меча.

Еве една од асистенциите на Магдевски низ видео:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liga de Baschet (@ligadebaschet)

Се вчитува...