Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски на неверојатен начин се пласираше во осминафиналето на јуниорскиот турнир на третиот гранд-слем во сезоната Вимблдон.
Во второто коло нашиот тенисер немаше никакви проблеми против 11 носител, Мексиканецот, Пачеко-Мендез со максимални 2-0, по сетови (6-1 и 6-2). Македонецот натпреварот го заврши за нешто повеќе од еден час.
Нашиот тенисер на меч топка се реши со сервис по нозе да го земе последниот поен против мексиканскиот тенисер.
Мајсторијата на нашиот тенисер можете да ја погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА