Магијата на Иско….му направи „оле“ на Верати (ВИДЕО)

Иско Аларкон игра во животна форма и на почетокот на новата сезона, а синоќа блесна на „Сантијаго Бернабеу“ и во дресот на шпанската фудбалска репрезентација. Постигна два гола во триумфот од 3-0 против Италија, а им „продаде“ и неколку одлични финти на противничките фудбалери.

Се чини дека најмногу настрада Марко Верати, фудбалерот на ПСЖ, кого го посакуваше Барселона како засилување ова лето…Но, тој доби „оле“ и топка низ нозете од Иско…

Се вчитува...