Мајами носи кошаркар за напад на титулата во НБА

Мајами Хит минатата сезона беше најпријатното изненадување во НБА лигата. Тимот од Флорида успеа да стигне до финалната серија каде по голема борба беше совладан од Лос Анџелес Лејкерс. Како следната сезона би отишле чекор понапред Хит е подготвен во своите редови да го доведе вториот стрелец од минатата сезона, Бредли Бил од Вашингтон.

Вашингтон се одлучуваат да прават ремонт и да се откажат од своите две први ѕвезди Џон Вол и Бредли Бил, а токму Хит сака да ја искористи целата ситуацијата.

Се покажа дека и покрај одличниот тим минатата сезона им е потребна уште една ѕвезда покрај Џими Батлер како би можеле да ја нападнат и шампионската титула.

Се вчитува...