Мајк Траут потпишува највреден договор во историјата на безболот

Првата ѕвезда на МЛБ – лигата, Мајк Траут, ќе го потпише највредниот договор во историјата на безболот. Членот на Лос Анџелес енџелс ќе стави потпис на договор со франшизата од Калифорнија вреден 430 милиони американски долари. Соработката е договорена на 12 сезони, а тој ќе заработува 36 милиони долари годишно.

Претходниот рекорд во безболот го држеше Брајс Харпер кој со Филаделфија потпиша договор на 13 сезони вреден 330 милиони американски долари.

Се вчитува...