Мајката на Енди Мареј била сексуално вознемирувана

Британскиот тенисер, Енди Мареј изјави дека бил лут кога дознал дека неговата мајка, Џуди била сексуално вознемирувана.

Инцидентот се случил пред осум години на една вечера после панел за образование на кој Џуди Мареј присуствувала, а мајката на Шкотот за сето ова пишувала во колумна. Еден од членовите на панел-дискусијата прво ја спуштил раката на коленото на Џуди, а потоа се обидел да и ги соблече панталоните.

„Мојот брат Џејми знаеше за тоа, јас не. Мајка ми ми кажа се пред да ја објави статијата. Бев многу вознемирен и лут, но едноставно не ни знаев што да кажам”, изјави Мареј.

Се вчитува...