Мајкл Џордан „фатен“ пијан, со шише текила в раце

Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, деновиве во Њујорк е „фатен“ од камерите во помалку непрепознатливо издание – со „пивски“ стомак и со шише текила во рацете.

Легендарниот кошаркар по завршувањето на кариерата во НБА лигата, се насочи во светот на бизнисот во кој е подеднакво успешен како и на паркетот.

Летечкиот Мајкл во Њујорк е сликан како влегува во хотелот, во едната рака држи полупразно шише со текила, а во другата картонска кутија со уште неколку шишиња од овој познат мексикански пијалок. Џордан притоа одбил да застане и да им даде автограми на фановите што го чекале собрани пред хотелот.

Според очевидците, легендата на Чикао Булс бил во малку алкохолизирана состојба што не е многу вообичаено за него во јавноста.

Како и да е, фотографиите на Мајкл Џордан со шишето текила брзо го обиколија светот, а некои се пошегуваа дека легендарниот кошаркар на овој начин само сакал да ја одбележи 20-годишнината од неговиот култен шут за победа против Јута џез во финалната серија во НБА од 1998 година.

Се вчитува...