Мајнц до опстанок во Дортмунд, Баерн со пресврт го освои Келн

Мајнц и дефинитивно го осигура опстанокот во Бундес-лигата откако денеска по голема битка славеше на гостувањето против Борусија Дортмунд со 1-2. Фуриозниот старт беше главен фактор за Мајнц да стигне до триумфот откако гостите за само 13 минути преку Баку и Муто поведоа со 0-2. Филип во 16. минута намали на 1-2, но иако се очекуваше камбек на домаќините, Мајнц сепак успеа да одолее и да стигне до огромни три бода.

Баерн со подобра игра во второто полувреме успеа да слави на гостувањето против Келн со 1-3. Домаќините водеа по првиот дел, но ситуацијата се промени откако Родригез и Левандовски постигнаа голови за неполни три минути, по што Толисо ги постави конечните 1-3.

Лајпциг со импресивна игра славеше со 4-1 над Волфсбургг, оставајќи ги гостите да продолжат да стравуваат за прволигашкиот статус. Хофенхајм си ја искомпликува судбината во битката за четвртото место губејќи од Штутгарт, па сега ќе мора во последното коло да води битка за пласман во ЛШ со Баер Леверкузен.

Резултати Германија:

Аугсбург – Шалке 1-2, Борусија М. Фрајбург 3-1, Келн – Баерн 1-3, Борусија Д. – Мајнц 1-2, Ајнтрахт – Хамбургер 3-0, Хановер – Херта 3-1, Лајпциг – Волфсбург 4-1, Вердер – Баер Л. 0-0, Штутгарт – Хофенхајм 2-0.

Се вчитува...