Мајсторијата на Сусо го спаси Милан, триумф со мачење и на Наполи

Милан и Наполи се мачеа но успеаја да стигнат до победи во 2. коло од Серија А против екипите на Каљари односно Аталанта.

„Миланезите“ имаа водство по првиот дел со голот на Кутроне уште од 10. минута, но Каљари израмни со голот на Жоао Педро во 56. минута.

Сепак, триумфот го осигура Сусо со прекрасниот погодок од слободен удар во 70.минута.

Наполи, пак, имаше негатива од 0-1 против Аталанта, но успеа со пресврт да слави со 3-1 благодарение на головите на Зјелински, Мертенс и Рог во второто полувреме.

Лацио стигна до првата победа во второто коло во италијанскиот шампионат славејќи со 1-2 против Киево со голот на Милинковиќ-Савиќ во 89. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

Милан – Каљари 2-1

Киево – Лацио 1-2

Кротоне – Верона 0-0

Наполи – Аталанта 3-1

Фиорентина – Сампдорија 1-2

Спал – Удинезе 3-2

Се вчитува...