„Мака ми е веќе од пеналите кои се свират за Јунајтед“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед стигнаа до победа над Астон Вила од 1-3 која се уште математички ги остава во игра за титулата. Не почна се најдобро за „црвени-ѓаволи“ бидејќи на полувреме имаа негатива од 1-0.

Во вториот дел досудениот пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш беше клуч за целосниот пресврт на тимот од „Олд Трафорд“. Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит не можеше да се помири со пеналот кој беше свирен против неговиот тим.

„Ми здосади веќе да зборувам за пеналите кои Јунајтед ги добива против нас. Пол Погба се сопна на „Олд Трафорд“, а и на овој меч доби лесен пенал. Мака ми е искрено да ви кажам. Дали контакт беше доволен за пад? Не“, изјави Смит. 

Се вчитува...