Макаби и Хапоел сакаат да се вратат во Израел

Израелските евролигаши Макаби и Хапоел Тел Авив сакаат да бидат домаќини на натпревари од Евролигата во нивната земја. Откако пред неколку дена беше потпишан мировен договор за прекин на конфликтот во Газа, израелските кошаркарски клубови сакаат да испратат писмо до Евролигата за да се вратат во нивната земја.

Макаби ги организира своите натпревари во Белград веќе две години, додека Хапоел играше во Софија во својата прва сезона во Евролигата.

Хапоел ја започна сезоната многу подобро, каде што оствари биланс од четири победи и еден пораз, додека Макаби забележа само еден триумф во пет одиграни натпревари досега.

Се вчитува...