По двата турнири во машка конкуренција, тениското лето во Скопје ќе се заокружи со одржување на „Били Џин кинг“ купот во женска конкуренција. Панданот на „Дејвис купот“ почнува на 5. јули, а ќе биде одржан на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк.
Купот „Billie Jean King“ (поранешен Фед Куп) во Групата 3 од Евроафриканската зона ќе започне на 5 јули и ќе трае до 9 јули. Земјата победник на овој куп ќе добие шанса да биде промовирана во Група 2 од Евроафриканската зона.
На Купот Billie Jean King ќе земе учество нашата најдобра тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, како и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Катарина Маринковиќ. На турнирот учество ќе земат учество и повеќе тенисерки од различни земји во светот, како Португалија, Албанија, Ирска, Конго, Јужна Африка и други.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА