Македонија е дел од Лигата Д: Со Лигата на нации до убава шанса да се стигне на ЕП

УЕФА денеска и официјално го презентира на јавноста новиот проект, Лигата на нации, кој ќе почне со својата натпреварувачка фаза од септември 2018 година. Наместо пријателски натпревари, европските репрезентации ќе ја играат Лигата на нации, преку која ќе имаат можност да се борат и за место на следното Европско првенство, што значи дека ќе има исклучителен натпреварувачки карактер.

Македонија според сегашниот ранкинг меѓу сите европски селекции го зазема 44.место и ќе биде сместена во најслабиот шешир, групата Д. Тоа го отсликува слабиот рејтинг на македонскиот фудбал, но воедно е и убава шанса да се стигне до плејоф (фајналфор) за настап на ЕП.

Конечниот ранкинг ќе биде познат по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП 2018, веќе следниот месец, но, сепак, не би требало некои круцијални промени за Македонија. Нашата репрезентација ќе игра во Лигата Д, заедно со Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар.

Оваа Лига Д ќе биде поделена во четири групи, а победниците ќе се борат за конечна прва позиција, која потоа носи место во разигрување (фајналфор) за пласман на следното Европско првенство.

uefa liga nacii 3

ligi na nacii

Се вчитува...