Македонија му се поклони на Буштур (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска беше ден за тага во скопскиот хотел „Хилтон“, каде точно на пладне беше одржана комеморација во чест на Благоја Георгиевски – Буштур, кошаркарската легенда на нашата земја која го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје.

Бројни спортски личности, како и познати бизнисмени, политичари и луѓе од јавниот живот беа присутни за последен пат да му искажат почит на големиот ас, спортската легенда, но пред се фантастичната личност која беше синоним за победнички дух, комбинација од неверојатна успешност и уште поневеројатна скромност и човечка величина.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и првиот човек на МОК, Васил Тупурковски беа само дел од оние кои од говорницата испратија голем поздрав до човекот што допре до нивните животи, изразувајќи тага што неговиот живот згасна прерано.

Се вчитува...