Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Астана арена“ пред утрешниот квалификациски натпревар со Казахстан кој стартува од 16 часот во Астана.
Избраниците на Благоја Милевски ја почувствуваа вештачката трева на најголемиот стадион во Казахстан кој е со 30.000 седишта, потенцирајќи дека ќе мора да се навикнат на новите услови за игра, но тоа ниту најмалку да претставува проблем во желбата да се дојде до позитивен резултат.
Капитенот Барди, Елиф Елмас, Столе Димитриевски, Бојан Миовски, Џани Алиоски, Дарко Чурлинов…, низ максимален ритам го одработија финалниот тренинг местејќи ги „коцките“ зад затворени врати за утрешната пресметка со Казахстанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА