МАКЕДОНИЈА ОДБРОЈУВА ДО ЕП: Спасоје Николиќ и вардаровите легенди Дојчиновски и Сократ Мојсов оставиja силна трага во Франција!

Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!

Низ неколку текстови наредниот период, најпрво, ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои биле дел од ТОП 5 најдобрите европски лиги.

===============================================================================================================================

Македонија во својата историја, почнувајќи од 1928 година, има вкупно 44 фудбалери кои ја почувствувале моќта на ТОП 5 најсилните лиги во светот (Италија, Англија, Шпанија, Франција и Германија). Од нив седум ја почувствула моќта на француската Лига 1.

Првиот Македонец кој ја почувствувал најсилната француска фудбалска лига е Кузман Сотировиќ кој настапуваше во Сете и Монпеље во периодот од 1928 до 1932 година. Спасоје Николиќ, пак, е вториот Македонец кој во периодот од 1946 година до 1953 година настапувал за два клуба во Лига 1, Париз од 1946 до 1949 и Рен од 1951 до 1953 година. Николиќ успева во тој период да се наметне како еден од најдобрите странци во француската лига, со вкупно 68 натпревари за двата клуба и 18 постигнати погодоци. Николиќ е и еден од ретките македонски фудбалери кои играл во две првенства од Топ 5 во Европа. Во периодот од 1949 до 1951 година играше и за Венеција во Серија А во Италија.

  • Читајте и за:

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО СЕРИЈА А

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Вардаровата легенда Сократ Мојсов, пак, е вториот Македонец во францускиот шампионат. По цели 13 години настап за Вардар, Мојсов во 1971 година, како еден од најдобрите фудбалери тогаш во првенството на СФРЈ, реализира трансфер во француски Рен каде минува две сезони притоа со 23 официјални одиграни натпревари и осум постигнати голови. Мојсов во својата кариера има и три настапи за репрезентацијата на поранешна Југославија.

Веднаш по него е уште една македонска фудбалска легенда, Кирил Дојчиновски. Но, Дојчиновски, кој се прославува во Вардар, како фудбалер на белградска Црвена Звезда, по настапите од 1967 до 1974, во 1974 година реализира трансфер во Троја.

Роберт Попов настапуваше од 2008 до 2010 година за Оксер, а од актуелните репрезентативци членови на клубови од Лига 1 биле Влатко Стојановски кој е фудбалер на Ним, и Ѓоко Зајков во Рен, но без запишан официјален првенствен настап.

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ ЛИГА 1

1. Кузман Сотировиќ (1928-32) – (Сете, Монпеље) 

Настапи: 56, Голови: 29

2. Спасоје Николиќ (1946-49; 1951-53) – (РЦ Париз, Рен)

Настапи: 68, Голови: 18

3. Кирил Дојчиновски (1974-76) – (Троја)

Настапи: 25, Голови: 3

4. Сократ Мојсов (1971-73) – (Рен)

Настапи: 23, Голови: 8

5. Роберт Попов (2008-2010) – (Оксер)

Настапи: 6, Голови: 0

6. Влатко Стојановски (2019 -) – (Ним)

Настапи: 6, Голови: 0

7. Ѓоко Зајков (2014-15) – (Рен)

Настапи: 0, Голови: 0

Се вчитува...