Македонија скокна на 68.место на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 68.позиција на најновото издание на листата на ФИФА. Новиот ранкинг е за две позиции подобар од претходниот, по двете победи што избраниците на селекторот Игор Ангеловски ги остварија во Лигата на нации, против Гибралтар на гости, и против Ерменија дома. Тоа е најдоброто позиционирање на нашиот национален тим во последните осум години.

„Црвено-жолтите“ на најновото рангирање имаат 1344 поени.

Нашиот најголем ривал во групата од Лигата Д, селекцијата на Ерменија, се наоѓа на 100.позиција на ФИФА-листата. Лихтенштајн е на 178.место, а Гибралтар 20 позиции подолу.

Првата позиција на листата на ФИФА ја делат Белгија и светскиот првак Франција, а следуваат Бразил, Хрватска и Уругвај. Во „топ 10“ се уште и Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Се вчитува...