Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ќе ја претставуваат Македонија на Европското младинско првенство во пинг понг.
И четворицата ги играат првите натпревари на 15 јули (среда) од 10 часот.
Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија, а Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска.
Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.
Европското првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
