Македонија со скок од една позиција на ФИФА листата, Франција на врвот

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за една позиција на најновата ФИФА ранг листа. Македонија на денеска објавената ранг листа е на 70. место со 1336 бода, напредувајќи притоа за три позиции во однос на почетокот на 2018 година.

Од нашите следни противници во Лигата на нации, Ерменија моментално се наоѓа на 100. место на листата на ФИФА, потоа Лихтенштајн е на 180. место, а Гибралтар е 195. место.

На врвот на листата е Франција која го освои Мундијалот 2018 во Русија. „Триколорите“ имаат скок од шест места и дојдоа до врвот на сметка на Германија, која дури испадна од Топ 10 репрезентациите поради лошиот настап на Мундијалот во Русија.

Огромен скок од дури 16 позиции има селекцијата на Хрватска која им беше противник на „триколорите“ во големото финале во Русија. Хрватите сега се наоѓаат на четвртата позиција.

Одличниот настап на Уругвај, Англија и Данска им обезбеди на овие селекции место во ТОП 10, за сметка на Аргентина (11), Чиле (12) и Полска (18). Најголемиот скок на листата го направи Русија која сега е на 49. место, со скок од дури 21 позиција.

Се вчитува...