Македонија со убедлив пораз од Русија го заврши настапот на ЕП 2021

Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Русија со 3-0, по сетови 25-15, 25-13 и 25-18. Популарните „спартанци“ како што и се очекуваше во ниту еден сет не беа достоен ривал на големиот фаворит, а најдалеку стигнаа во третиот сет коа освоија 18 поени.

Никола Ѓорѓиев со девет поени беше прво име во нашиот тим.

Македонија Европското првенство го завршува како последна во групата Ц со пет порази на исто толку натпревари.

Се вчитува...