Македонија во Шарлоа со силна желба за нова победа над Белгијците

Најдобрите македонски одбојкари вечерва во Шарлоa во салата „Спиридом“ ги продолжуваат натпреварите во Европската златна лига 2023.

Избраниците на Јошко Миленкоски во 4. коло во групата Б ги очекува пресметката со Белгија, во желбата да се продолжи со победите започнати од Скопје. Македонија славеше против Белгија и Хрватска на домашен терен во Скопје, како мотив повеќе сега во ист ритам да се продолжи денеска и на гостувањето во Шарлоа.

„Покажавме карактер и борба за заслужени победи на домашен терен. Имавме сетови во кои губевме и по пет-шест поени па се враќавме во игра, системот на одбрана и системот на напад, севкупно системот на игра на целата екипа беше навистина на високо ниво. Сега сигурно желбата е да се продолжи така и денеска на гостински терен против Белгијците“ – вели Филип Маџунков.

Македонија по три кола е на втората позиција во групата со 5 бода, зад Украина која е на врвот со максимални три бода од исто така натпревари. На третото место е Белгија, а последна во групата е Хрватска.

Се вчитува...