Македонијо, време е за ново ЕП (видео)

Се „раситни“ и последниот месец до почетокот на Европското ракометно првенство што од 12 јануари ќе стартува во Хрватска, а на кое вообичаено ќе се најде и македонскиот национален тим.

Квалитетот и искустото придонесоа „црвено-жолтите“ веќе подолго време да бидат редовни учесници на големите натпреварувања, но претстојниот предизвик ќе биде уште поголем – поради големото присуство на македонски навивачи што се најавува за Загреб, што дава ветер во грб, но и носи обврска за што подобар резултат.

На помалку од еден месец пред премиерниот меч (против Словенија на 13 јануари), погледнете го и ова промо-видео, како прекрасна најава за спектаклот во Хрватска.

Се вчитува...