Македонски дуел ќе одлучува за врвот во Русија

Македонските интернационалци во руската ВТБ лига, Емил Рајковиќ и Ненад Димитријевиќ имаат одличен старт на сезоната во која сеуште не знаат за пораз. ЦСКА Москва и Уникс Казањ по осум одиграни меча имаат перфектен скор со осум победи, но само еден од нив ќе остане непоразен по денешниот „македонски дуел“.

Во натпреварот на 9. коло, ЦСКА Москва на домашен терен го пречекува Уникс Казањ и по денешниот меч место на врвот на ВТБ лигата ќе има само за еден Македонец. Дали тоа ќе биде Емил Рајковиќ или Ненад Димитријевиќ ќе дознаеме со почеток од 17 часот и 30 минути.

Се вчитува...