Македонски репрезентативец од следната сезона во Будуќност?!

Натурализираниот македонски репрезентативец, Џејкоб Вајли е голем желба на Александар Џикиќ и Будуќност за борбата за врвот на регионалното првенство и Еврокупот, пренесуваат медиумите во Црна Гора.

Вајли претходната сезона ја започна во Гран Канарија меѓутоа поради проблемите со кои се соочи поради учеството со Македонија на „балонот“ на ФИБА во Талин го загуби своето место во тимот, па сезоната ја заврши во Сарагоса каде бележеше просек од 10.4 поени и 3.7 скока по натпревар.

Дваесетишест годишникот воедно беше еден од најдобрите играчи на нашата репрезентација во квалификациите за Европското првенство бележејќи просек од 16.0 поени и 7.5 скока по натпревар, па јасен е интересот од еден од најдобрите регионални клубови кој претходната сезона стигна до финалето на „Јадранот“ и четвртфиналето во Еврокупот.

Се вчитува...