Македонските голмани: Во шок сме од една ваква арена, ова ќе биде историски спектакл (ВИДЕО)

ЕКИПА во Дизелдорф, Германија

Стеван Цаневски

Македонските ракометари го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф, кој сега е адаптиран за ракометен дуел, пред утрешниот дуел против Франција на отворањето на на Европското првенство 2024 во Германија.

Не можеше да се сокрие воодушевувањето меѓу македонските ракометари, како и сите медиумски екипи присутни во Германија, од арената која утре ќе прими 55.000 навивачи на историскиот спектакл за првпат во историјата на ракометот.

Воодушевувањето не го криеја и двајцата македонски голмани, Марко Кизиќ и Мартин Томовски…

„Сите сме навистина шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Втор ден сме во Германија, и навистина сме повеќе од мотивирани за тоа што не очекува утре“ – вели Марко Кизиќ.

Сосема идентично е размислувањето на Мартин Томовски…

„Прекрасно чувство, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се пишува историја, а на нас ни останува да уживаме и достојно да ја претставиме Македонија“ – дополнува Томовски.

Се вчитува...