Македонските тенисери од утре на Дејвис купот од Третата група во Улцињ

Од утре па до 25 јуни, македонската Дејвис куп репрезентација ќе се натпреварува во Улцињ, Црна Гора на Дејвис Куп Европа во Третата група, Светското екипно првенство за мажи.

Во македонскиот тим се вклучени Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ. Тие ќе се натпреваруваат со репрезентативните тенисери од Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора.

Само три земји имаат можност за плејоф и влез во Втората група на Дејвис Куп Европа, додека две земји испаѓаат во четврта категорија.

Оваа година Дејвискуп тимот е подмладен, и го сочинуваат млади играчи кои имаат голем потенцијал, и огромни можности за напредок. Изминатиов период напорно работевме, и сметам дека подготвени го дочекуваме овој турнир, изјави капитенот на репрезентацијата Чедомир Јовановски, кој заедно со заменик капитенот Владимир Томиќ работат на подготовка на нашите најдобри тенисери.

Се вчитува...