Македонските тимови ги добија можните противници во Конференциската лига

Академија Пандев, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во третото по ранг европско фудбалско натпреварување, новоформираната Конференциска лига.

Македонските тимови ги добија можните противници. Академија Пандев и Шкендија ќе стартуваат од првото коло, додека Македонија ЃП како освојувач на купот ќе почне од втората фаза.

Шкендија ќе биде носител во првото коло, а за можни противници ќе ги има: Борац Бања Лука (БиХ), Интер Турку (Финска), Тре Фиори (Сан Марино), КР Рејкјавик (Исланд), црногорските Дечиќ и Искра, Санта Колома (Андора), Бруно (Гибралтар), Њутаун (Велс), Хамрун (Малта) и Дила Гори (Грузија).

Академија Пандев не е носител и може да добие посериозен противник. Можни противници на струмичани се Флора од Естонија, Рига (Летонија), Алашкерт (Ерменија), Олимпија (Словенија), Купс (Финска), Будуќност (Црна Гора), полските Легија и Погон, Крусејдерс (Ирска), Сент Јозеф (Гибралтар), Тре Пене (Сан Марино), Бала Таун (Велс).

Директно во втората квалификациска рунда влезе Македонија Ѓорче Петров и ќе биде неносител во ждрепката. Поради тоа, „лавовите“ може да налетаат на сериозни европски екипи како Базел, Славија Прага, Јанг Бојс, ПАОК, Истанбул Башакшекир, Макаби Тел Авив, Астана, Молде, Апоел, ФЦСБ, Бате Борисов, Ријека, Антверп.

Се вчитува...