Металург имаше поддршка во арената во Цирих откако триесетина македонски фанови гласно навиваа за нашиот претставник во квалификациите за ЛЕ против Криенс.
Во мечот со инфаркт-завршница „металурзите“ и покрај поразот се пласираа во групната фаза, а по последниот свиреж големиот успех го прославија токму со оние кои им дадоа поддршка кога им беше најтешко.
На трибините во салата во Цирих се најде и македонскиот репрезeнтативец Мартин Поповски, кој летово си замина од Пролет и се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА