Македонците растураат во Русија: Рајковиќ го надмудри и Чави Пасквал, нов триумф и на Ненад Димитријевиќ

Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва и Ненад Димитријевиќ со Уникс Казањ останаа со перфектен скор во ВТБ-лигата, бележејќи ја и седмата победа во низа од стартот на сезонава.

Рајковиќ доби уште една битка со врвен тренер, како гостин со ЦСКА совладувајќи го тимот на Зенит предводен од Чави Пасквал со резултат 80-85. Македонскиот стратег одлично го водеше рускиот гигант добивајќи ја тактичката пресметка со екс-тренерот на Барселона и Панатинаикос, ЦСКА долго време имаше и двоцифрена предност, за Зенит во самиот финиш само да го ублажи пораз.

Димитријевиќ и Уникс имаа нешто полесна задача на дуелот на домашен терен со Автодор, што екипата од Казањ го доби со убедливи 95-76. Македонскиот репрезентативец повторно беше меѓу најзабележителните во домашниот табор, реализирајќи 12 поени и седум асистенции.

Се вчитува...