Макрон ја дозакомпликува сезоната во Формула 1

Формула 1 трката во Франција предвидена за крајот на јуни многу извесно нема да може да биде одржана откако претседателот на државата, Емануел Макрон соопшти дека животот полека ќе почне да се враќа во средината од мај со отворањето на училиштата и други јавни установи, но оти големи настани со публика нема да можат да се одржуваат најмалку до средината од јули.

Со ова се комплукува палнираниот почеток на сезоната во Ф1 со оглед дека трката на големата награда на Франција би биле веќе десеттото одложено или откажано натпреварување. Од Ф1 засега не го потврдуваат официјално и ова откажување и продолжуваат да прават планови за воопшто некаква сеозна во втората половина од годината. Засега официјално комплетно откажана е само трката во Монако, сите други се одложени во надеж дека ќе им биде пронајден соодветен термин.

Формула 1 и голем дел од тимовите се соочуваат финасиски проблеми периодов, дел од тимовите како и базата на Ф1 во Лондон ги испратија вработените дома д ури и најавија користење на државна помош за исплаќање плати.

Се вчитува...