Макс Ферстапен до пол-позиција по 302 дена пауза

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, стигна до пол-позицијата за трката за ГН на Бахреин што годинава се вози на патеката „Сепанг“ во Малезија како 16. трка на Формула 1 шампионатот.

Асот на Ред Бул на тој начин стигна до првата пол-позиција по пауза од дури 302 дена, откако последен пат беше прв во квалификациите на патеката во Абу Даби во 2025 година.

Тој стигна до пол-позицијата возејќи најбрз круг од 1:35,130 минути, со три десетинки подобро време од најблискиот ривал, Луис Хамилтон со Ферари.

Вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар, имаше трето најдобро време, но поради казната од пет позиции тој ќе ја стартува утрешната трка од осмото место.

Поради тоа, како третопласиран утре ќе стартува лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, додека неговиот најголем ривал, Џорџ Расел, потфрли во овие квалификации со осмо најдобро време.

Се вчитува...