„Макс Ферстапен е Лионел Меси во Формула 1“

Макс Ферстапен во претходните сезони стекна големо искуство во Формула 1 шампионатот, но јавноста од него веќе очекува највисоки дострели. Многу веруваат дека Ферстапен ќе биде голема конкуренција на Луис Хамилтон во новата сезона доколку Ред Бул има конкурентен болид. Поранешниот возач на Минарди и Ред Бул, Роберт Дорнбос е сигурен дека Ферстапен еден ден ќе го преземе тронот во најбрзиот циркус во светот, а порача и дека тој е Лионел Меси во Ф1.

„Макс Ферстапен е Лионел Меси во Формула 1. Еднаш во деценијата се појавува таков талент. Тој може да направи многу работи, а се уште е многу млад. Сигурно ќе доминира во овој спорт, само е прашање на време кога ќе се случи тоа“, изјави Дорнбос. 

Ферстапен неодамна го продолжи договорот со екипата на Ред Бул.

Се вчитува...