„Макс може да освои пол-позиција и во болидот на Хас“

Актуелниот шампион на Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен доби големи комплименти од еден од воедчките лица на Ред Бул, докторот Хелмут Марко кој во опширно интервју за „Моторспорт-тотал“ говореше за неговиот талент.

Не е тајна дека за освојување на најбрзото натпреварување во светот е потребен брз болид, а возачот е во втор план, меѓутоа Марко смета дека холандскиот возач може да доминира во било кој болид.

„Макс е класа сам за себе во било кој болид. Макс од 2020 година не може да се спореди со Макс од 2023. Само името е исто. За мене Хамилтон отсекогаш мајсторки ја чита трката и во договор со тимот го контролира користењето на гумите, а Макс е сега како него. Ако не е и подобар, бидејќи е подобар со брзината, тука созреа на неверојатен начин. Мислам дека и со Алфа Таури или со Хас ќе освои пол-позиција“, вели Марко.

Ферстепен оваа сезона славеше на десет од дванаесет Големи награди со што е на добар пат да ја одбрани шампионската титула.

Се вчитува...