Малдини потврди: Се е договорено, Тео Хернандез потпишува нов договор

Пред дербито со Јувентус синоќа, спортскиот директор Паоло Малдини им соопшти на навивачите одлична вест. Тој рече дека се договорени сите детали со Тео Хернандез, и тој во следните денови ќе потпише нов договор.

„Тео ќе го продолжи договорот во следните денови. Постигнавме договор, само прашање на време е кога ќе потпишеме“, рече Малдини.

Одличниот француски лев бек ќе потпише договор на пет години. Во моментов тој е еден од клучните играчи на тимот. Дојде од Реал Мадрид во 2019 година за само 15 милиони евра, а сега вреди околу 50 милиони. Оваа сезона постигна четири гола и пет асистенции на 18 натпревари.

Се вчитува...