Малер: Богдановиќ издржа две минути, и пак се повреди

Богдан Богдановиќ имаше тешко лето зад себе откако српскиот ас се повреди во клуче момент за својата репрезентација и не можеше да помогне во најважните битки на Евробаскет 2025.

Одличниот шутер ја мина рехабилитацијата во САД, конечно успеа да се врати на терените, но и тоа траеше кратко откако Богдан повторно се повреди на ревијалниот меч против тимот на Гвангжу.

Богдановиќ влезе во игра, но остана на теренот само две минути. Тој се пожали на повреда на грбот, се упати кон соблекувалата и повеќе не се враќаше на терен.

Се вчитува...