Ели Жуниор Крупи блескаше во дресот на Борнмут минатата сезона, сериозен интерес за овој 20-годишен Французин покажаа и Барселона и ПСЖ, но англискиот клуб го блокираше трансферот барајќи отштета над 100 милиони евра.
Ниту каталонскиот гигант ниту пак „светците“ не сакаа да платат толкаво богатство за екс-играчот на Лориен, а проблемите уште повеќе се зголемија откако Крупи на самиот почеток на подготовките за новата сезона заработи тешка повреда.
Французинот настрада за време на тренинг-кампот во Австрија, по што експресно беше вратен на „островот“ каде врз него веќе беше извршен и хируршки зафат.
Повредата на стапалото воопшто не е наивна, а првите прогнози најавуваат пауза од околу четири месеци.
Колку малку треба, од трансфер од соништата да се стигне до операција и долга пауза од терените… Вистинска штета за Ели Жуниор Крупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
