Малер по малер – Голден стејт две седмици и без Дурант

Шампионот Голден стејт вориорс се соочува со огромни проблеми со повреди на клучните кошаркари откако по Стеф Кари и Клеј Томпсон, денеска беше обелоденето дека пауза од петнаесетина дена го очекува и Кевин Дурант.

Крилниот кошаркар се здоби со повреда на ребрата за време на дуелот со Минесота минатиот викенд. Иако во прв момент прогнозите беа дека проблемот не е сериозен, Дурант продолжил да се жали на болки, по што деталните лекарски прегледи покажале мало напукнување. Првите препораки се дека олстар ѕвездата на Голден стејт ќе паузира околу две седмици, исто колку и Томпсон, а нешто порано се очекува враќањето на Кари.

Голден стејт без тројцата клучни кошаркари синоќа загуби на домашен терен од Сакраменто, а згора на тоа повреда на овој натпревар заработи Омар Каспи.

Се вчитува...