Малешевиќ пред МЗТ: Ќе сториме се да ги израдуваме навивачите…

Се е подготвено за големото дерби на шестото суперлигашко коло во кое Пелистер ќе биде домаќин на МЗТ Скопје (сабота 20 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола). „Сино-белите“ се актуелни шампиони на Македонија што само по себе секогаш е мотив плус за нивните противници, но Пелистер игра импресивно во домашното првенство, веќе има пет победи во низа и ќе стори се за триумфалната серија да ја продолжи и на утрешното дерби.

МЗТ Скопје исто така има само победи од стартот на сезонава, но аеродромци го загубија службено дуелот со Ангели, па заостануваат два бода зад Пелистер, предност што „зелено-белите“ ќе се обидат дополнително да ја зглемат со триумф.

„Пред нас е тежок дуел, дерби на колото… иако е ран дел од сезоната, многу е важно да одиграме квалитетно и да успееме да славиме на дуелот со актуелниот шампион. МЗТ е многу искусна екипа со квалитетни играчи на сите позиции. Ние мораме да одиграме клективн, да одговориме на предизвикот и со тимски напад, но и одбрана да стигнеме до посакуваниот резултат. Поддршката од навивачите секогаш е многу важна, а особено на ваквите дерби средби на кои присуството на фановите е драгоцено за нас. Затоа, ги повикувам сите кои се во можност да дојдат и да ни дадат поддршка,  а ние ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме“, порачува Никола Малешевиќ, српскиот интернационалец во редовите на Пелистер.

Се вчитува...