Мамиќ поднесе оставка, Дамир Крзнар седнува на клупата на Динамо

После конечната пресуда, досегашниот тренер на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, се повлече од оваа позиција и од функцијата спортски директор на клубот.

Мамиќ не чекаше долго за да го направи овој потег. Врховниот суд на Хрватска ја потврди пресудата за него и неговиот брат Здравко, испраќајќи го во затвор четири години и осум месеци.

Беше јасно дека Мамиќ под тие околности нема да биде тренер и спортски директор на Динамо долго време, особено затоа што Законот за спорт на Република Хрватска е јасен по прашањето дека едно лице осудено на казна затвор подолго од шест месеци не може да ја врши таа должност. Динамо би имал обврска да го раскине договорот со тренерот во следните осум дена, бидејќи во тој период судијата мора да донесе решение за испраќање во затвор, што значи дека Мамиќ би можел да го предводи тимот на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Тотенхем, но тој не сакаше да ја раздолжи целата работа.

„Иако не се чувствувам виновен, како што објавив претходно, ако пресудата е конечна, ја прифаќам како таква и се повлекувам од позицијата главен тренер и спортски директор на ГНК Динамо. Му посакувам на клубот многу среќа и спортски успех во понатамошната работа“, изјави Зоран Мамиќ.

Улогата на тренер и спортски директор во следниот период ќе ја врши Дамир Крзнар.

Се вчитува...