Манасков: Да најдеме мотив за последните две средби

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари во текот на денешниот ден од Минхен допатуваа во Келн и попладнево ќе го одржат единствениот тренинг во „Ланксес арена“ пред утрешниот натпревар против Русија (13 часот). Разочарувањето по поразот од Исланд и непласирањето во втората рунда е големо, но нашите репрезентативци најавуваат дека сепак максимално мотивирано ќе влезат и во средбите од „Президент купот“.

„Секако дека сме разочарани, можеби ова е реалноста на нашата репрезентација во овој момент. Како и да е, главата горе, одиме во Келн за достоинствено да го доиграме ова светско првенство. Не ни е лесно, треба да најдеме мотивација за да ги одиграме следните два натпревари, да одиграме најдобро што можеме, па потоа да размислуваме што понатаму“ – истакна Манасков.

Се вчитува...