Манасков: Кузмановски не понесе, одигра фантастично

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија има нови сили и адути и во најмладите. Филип Кузмановски внесе свежина и донесе пресврт за победа против Црна Гора, со која Македонија која го заверува пласманот во втората фаза ЕП со најмалку два бода. Токму тој момент како клуичен за триумфот го посочи и Дејан Манасков.

Не отворивме како што требаше. Во одбраната правевме некои испади кои не требаше да ги правиме. Нивните пикери лесно доаѓаа до шанса. Мислам дека одбраната во второто полувреме беше многу подобра, имавме повеќе интервенции и Кузмановски не понесе со неговата игра. Одигра денеска фантастично и тој е еден од најзаслужнјите што денеска победивме“ – изјави Дејан Манасков.

Се вчитува...