Манасков на чекор до титулата – Веспрем го понижи Пик Сегед

Дејан Манасков се наоѓа на чекор до шампионската титула во Унгарија откако Веспрем го декласираше Пик Сегед во првиот финален натпревар, со убедливи 35-24. Интересно, Пик Сегед имаше водство од 13-14 по првото полувреме, за голманот Миклер да царува во вториот дел, овозможувајќи му на Веспрем на крајот да стигне и до двоцифрена победа над вечниот ривал во унгарскиот ракомет.

Дејан Манасков постигна три погодоци, а најефикасни кај Веспрем беа Гајиќ со девет (шест од пенал) и Ненадиќ со три гола. Во таборот на Пик Сегед најдобри беа поранешните „вардарци“, Канелјас постигна осум, а Македа пет погодоци.

Убедливиот триумф е доказ дека Веспрем во топ-форма го дочекува фајналфор турнирот во Келн, на кој унгарскиот гигант за ривал во полуфиналето ќе го има Кјелце.

Се вчитува...