Манасков остана без тренер: Вардар му пресуди на Врањеш

Унгарскиот ракометен клуб Веспрем остана без тренерот Љубомир Врањеш, кој вчера добил отказ заедно со клупскиот менаџер Еклемовиќ, информираат медиумите од оваа земја. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе добие нов кормилар.

Главата на тренерот Врањеш падна по поразот од Вардар (25-27) во третото коло на Лигата на шампионите. По поразот се создала нервозна атмосфера во клубот, навивачите направиле уште поголем притисок и сакале физички да се пресметаат со тренерот и со раководството. По ова, Врањеш едноставно морал да си замине.

По три одиграни кола во А групата од Лигата на шампионите Веспрем е на шестото место со една победа и два порази.

Се вчитува...