Кошаркарите на Олимпијакос во дуелот со до вечерва непоразената Валенсија, покажаа зошто се европски шампиони, успеа да направат неверојатен пресврт и во продолжението од пет минути да слават со 97:102.
Олимпијакос на стартот од третата четвртина губеа со неверојатни 62:34 и која сите во „Роиг Арената“ во Валенсија помислија дека се е готово, започна неверојатниот кам-бек.
По поените на Милутинов од линијата за слободни фрлања, Олимпијакос ја заврши третата четвртина со негатива од само 12 поени (71:59), и продолжи со топењето на негативата и во последната четвртина.
На две минути до крајот Милутинов му донесе водство на Олимпијакос од 83:84, додека на 35 секунди до крајот, грчкиот тим поведе со 86:89. Но, Валенсија преку Ти Џеј Шортс на шест секунди до крајот го однесе натпреварот во продолжението од пет минути. Во него, подобри и поконцентрирани беа играчите на европскиот шампион и славеа со 97:102.
Монтеро со 26 поени и Фурние со 21 постигнат поен беа најдобри кај Олимпијакос, додека Миротиќ со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај Валенсија.
Реал Мадрид на гостувањето во Милано дојде до втората победа по ред (98:89), Дубаи како гостин беше подобар од Басконија (93:79), додека Барселона со 90:87 го победи Макаби Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
