Манасков: Ова е реалноста

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација на четвртото место го заврши прелиминарниот групен сегмент на Светското првенство во Германија и Данска и ќе разигрува за конечен пласман од 13. до 16. позиција. Ова откако во завршното коло во групата загуби од Исланд со 24-22.

„Добро отворивме, игравме добро во првото, имавме два предност на полувреме, во второто  не одеше седум на шест, ја затворија средина и пикерите, влегувавме во непотребни фаули, па влегувавме во пасивна игра и моравме да одиме на избрзани шутови. Ова е реалноста, одиме напред, да одиграме во Келн и да видиме на кое место ке завршиме. По долго време не сме втора фаза, сигурно дека е тешко. Младите момци мора да созреат за во иднина“ – изјави по натпреварот Деан Манасков.

На првиот натпревар од разигрувањето за палсман, македонската репрезентација ќе се соочи со Русија.

Се вчитува...