Манасков со Веспрем на чекор до Ф4, Миклер го реши Фленсбург

Дејан Манасков е на прагот да се пласира на фајналфор турнирот во ЛШ во Келн, откако со Веспрем стигна до огромна победа на првиот четвртфинален натпревар против Фленсбург, на гостински терен со убедливи 2-28. Најзаслужен за победата на унгарскиот гигант беше голманот Миклер, кој влезе во игра во второто полувреме и ја „спушти ролетната“, овозможувајќи му на Веспрем да стигне до убедлива победа.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Фленсбург почесто грешеше, но на голот го имаше извонредниот Буриќ (7 одбрани наспроти 2 на Штербик), па на одмор се замина со израмнети 15-15. А потоа – во игра влезе Миклер, во првите десет минути од второто полувреме прими само еден гол, притоа одбрани два седмерци и целосно ги исфрли од ритам домашните ракометари. Предноста на Веспрем се зголемуваше како што одминуваше времето, Унгарците за момент влегоа во криза пет минути не постигнувајќи гол, но на крајот заслужено славеа со .

Дејан Манасков го одигра цело прво полувреме и постигна два гола од пет обиди (имаше и промашен пенал во финишот од полувремето). Најефикасен во победничкиот тим беше пивотот Нилсон со шест погодоци, а најдобри стрелци на Фленсбург беа Гландорф и Јоендал со по пет гола.

Се вчитува...