Манасков: Заигравме подобро поради говорот на Дејвис на полувремето

Дејан Манасков беше единствениот Македонец што вечерва се радуваше во СЦ „Јане Сандански“ откако со својот Веспрем успеа да слави на гостувањето против Вардар. Македонскиот репрезентативец на прес-конференцијата по мечот откри и дека решавачки бил говорот што тренерот Давид Дејвис го одржал на паузата меѓу двете полувремиња, будејќи ги ракометарите кои делувале заспано во прввиот дел.

„Знаев колку ќе биде тешко да се игра во Скопје, затоа и оваа победа е толку голема з анашиот тим. Почнавме лошо, правевме грешки, а тренерот со право беше лут. Тој ни одржа долг говор на полувремето, го послушавме, бевме подисциплинирани и направивме пресврт. Со она што го покажавме во второто полувреме дефинитивно заслуживме да победиме“ – истакна Манасков.

Левото крило на македонската репрезентација го одигра првото полувреме од овој меч, постигнувајќи два погодоци од четири обиди кон голот на Милосављев.

Се вчитува...