Манчестер Јунајтед без двајца клучни фудбалери на мечот со Лестер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми воочи мечот против Лестер во 5. коло од Премиер-лигата. Натпреварот против шампионот од 2016. година поради повреда ќе мора да го пропуштат Пол Погба и Ентони Марсијал.

Тоа не се единствените проблеми за Солскјер, бидејќи надвор од терените поради повреди се и Лук Шо, Ерик Баи, Диого Дало, Џеси Лингард и Арон ван Бисака. Натпреварот од петото коло меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер на програмата е во сабота.

Се вчитува...